X
 19.05.2015 Култура

За што се` можат да ве погубат во Северна Кореја?

Во што се слични илегалното продавање на скапоцени камења и тешката деликвенција? Во Северна Кореја и двете носат смртна казна.

 

1


Под диктатура на Ким Јонг Ун, Северно-корејците можат да бидат убиени за повеќе од 20 злосторства, а популарна е и семејната казна; тогаш три генерации осудени семејства можат да завршат во работни логори.

Листата на злосторства се појави откако министерот за одбрана на Северна Кореја беше погубен поради „тешкото“ злосторство - заспивање. Тој наводно бил убиен затоа што заспал за време на говорот на Ким Јонг.

Ким Јонг е познат по бруталните убиства. Имено, заменик министерот за безбедност О Санг-хон бил жив запален. Јанг Сон-таек некогаш бил вториот најмоќен човек во Северна Кореја, меѓутоа бил убиен со митралез, наместо со пушка или пиштол. Поради врската со ликвидираниот Сонг-таек, бил убиен и функционерот О Снаг-хон. Ким Јонг наредил и погубување на сопствената тетка, која била сопруга на Сонг-таек. Таа била отруена кон крајот на 2013 година.

Мишел Кисенкоетер, директорка на азиското одделение на Меѓународната федерација за човечки права, нагласила дека најголемиот проблем со злосторствата кои предвидуваат смртна казна е тоа што тие се двосмислени; не е јасно кое злосторство резултира со смртна казна.

Злосторствата се поделени во две груби категории, во едната злосторства за кои се гарантира смртна казна, а други злосторства кои можат да резултираат со смртна казна. 9 злосторства, како што се киднапирање или кражба може да не завршат со смртна казна, меѓутоа 11 злосторства како бегање од затвор може да завршат со смртна казна.

Во продолжение прочитајте ја листата на злосторства кои можат но и не мораат да носат смртна казна.

1. Работење против националната сувереност (може да има смртна казна)
2. Тероризам (може да има смртна казна)
3. Предавство (може да има смртна казна)
4. Уништување или оштетување (може да има смртна казна)
5. Предавство на народот (може да има смртна казна)
6. Убиство со намера (може да има смртна казна)
7. Намерно уништување на воената опрема или објекти (мора да има смртна казна)
8. Одземање државен имот (мора да има смртна казна)
9. Намерно уништување на државен имот (мора да има смртна казна)
10. Фалсификување пари (мора да има смртна казна)
11. Криумчарење скапоцени камења (мора да има смртна казна)
12. Илегална продажба на државни ресурси (мора да има смртна казна)
13. Шверц и продажба на наркотици (мора да има смртна казна)
14. Деликвенција (може да има смртна казна)
15. Нелегални операции (може да има смртна казна)
16. Предизвикување на сериозна штета (може да има смртна казна)
17. Киднапирање (мора да има смртна казна)
18. Силување (може да има смртна казна)
19. Крадење од приватен имот (мора да има смртна казна)
20. Бегање од затвор (може да има смртна казна)

Злосторства кои се казнуваат со доживотна работа во логор или смрт:

1. Дистрибуција на нелегална странска валута се казнува со смрт
2. Откривање на тајни информации преку мобилен телефон предизвикуваат казна за смрт.
Подготвил: Тамара Мисирлиевски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура