X
 17.07.2017 Живот

Мажите десно, жените лево: Последната поделена плажа во Европа

Плажата „Ел Педочин“ во Трст е стара 114 години и претставува своевидна институција која се претставува како последна плажа во Европа на која мажите и жените одвоено се капат.

фото извор: Reuters/Winsent West

Трст и натаму е горд на белиот ѕид што ги дели мажите и жените на плажата. Основана е во 1903 година во времето кога Трст бил под австроунгарска власт. Мажите и жените прво биле одвоени со ограда, а подоцна со ѕид. Оградата паднала само еднаш, во 1959 година кога била придвижена за жените да добијат повеќе место за себе.

Во земјата во која модата е секојдневие, а надворешниот изглед им е многу важен на жените, плажата обезбедува бегство од општеството. На плажата и 80-годишни жени можат да носат бикини или да шетаат топлес.

Мажите, пак, од друга страна, ја ценат плажата бидејќи им дава моменти на слобода и време поминато без своите сопруги.

Плажата е отворена преку целата година, а во текот на летото привлекува околу 3 илјади лица. На неа доаѓаат затоа што е блиску до центарот, а цената на влезниците е само едно евро. Името „Педочин“ доаѓа од името на школките што некогаш тука живееле.

Поделбата на плажата се укинува само еднаш годишно, кога се одржува летна забава со пијалаци и танцување. За тоа сведочи и документарниот филм снимен за оваа плажа, а кој беше прикажан на Канскиот филмски фестивал во 2016 година.
Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот