X
 04.02.2015 Живот

Временска прогноза: Нестабилно со врнежи од дожд

Како што ви најавивме, среда ќе биде повторно нестабилен ден. Ќе биде умерено облачно и нестабилно со врнежи од дожд и снег и ветровито. Врнежите претежно ќе бидат во западните предели, но услови за многу слаби врнежи ќе има и во останатите предели. На планините со врнежи од снег.

Ќе дува засилен јужен и југоистолен ветер а во западните предели засилен југозападен ветер. Ветерот ќе достигне брзина и до 30 км/ч.

Минималните температури од -4 до 4 степени, а максималните дневни ќе се движат од 3 до 12 степени.

Во Скопје ќе биде умерено облачно со услови за слаби врнежи од дожд и ветровито. Ќе дува умерен југоисточен ветер. Утринската температура од 1 степен, а максималната дневна до 8 степени.

НАПОМЕНА

Поради силното јужно воздушно струење над северна Африка, во среда во попладневните часови над Македонија се очекува присуство на честички на песок од Сахара. Па поради тоа можно е врнежите од дожд и снег да имаат и некоја нијанса на жолтеникава боја.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот