X
 28.12.2016 Живот

Временска прогноза за наредните 5 (пет) дена

Денес е среда, 28 декември 2016 година, 363-иот ден во годината. Сонцето изгреа во 06:55, а ќе зајде во 16:15 часот. Денот ќе трае 9 часа и 20 минути.

Ова утро имаме умерено облачно и постудено време. Сончеви периоди во овие утрински часови се очекуваат во југоисточните и западните предели, додека пак во североисточните предели ова утро имаше и врнежи од снег.

МАКЕДОНИЈА – Во Македонија во среда денот го започнуваме со постудено утро со утринските температури ќе се движат во интервал од -7 до 2 степени. Во текот на денот ќе биде умерено облачно време со повремени сончеви периоди но и сосема слаби врнежи од дожд и снег и само од снег, ветровито и студено време. Повеќе сончеви периоди но и без врнежи се очекува во крајните западни и во југоисточните предели. Ќе дува доумерен северен и северозападен ветер со брзина до 30 км/ч. Максималните дневни температури ќе достигнат до -3 односно до 9 степени.

СКОПЈЕ – Во Скопје умерено облачно време со услови за сосема слаби врнежи од дожд и снег во текот на денот, ветровито и студено време. Ќе дува доумерен северозападен ветер. Утринската температура од -1 степен, а максималната дневна до 4 степени.

МАКЕДОНИЈА 5 ДЕНА – Во наредните денови не очекува стабилизација на времето но и осетен пад на температурите поради продор на поларен воздух од североисток. Во четврток умерено облачно време со повремени сончеви периоди, ветровито и студено, минималните температури од -9 до 0, а максималните од -4 до 7 степени. Постудено време во петок кога ќе преовладува претежно сончево со локална облачност, утринските температури од -11 до -2 степени, а максималните дневни до -6 односно до 5 степени. Во деновите од викендот ќе продолжи трендот на опаѓање на утринските температури кои ќе се движат од -13 до -4 во сабота, односно од -15 до -6 степени во првото јануарско утро. Во текот на денот претежно сончево и малку потопло време со благ пораст на дневните температури кои ќе достигнат од -4 до 7 степени, односно од -2 до 8 степени.

Weather4all.com.mk

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот