Во Македонија во четврток ќе биде претежно сончево со локална облачност, ветровито и топло. Кон крајот на денот облачноста ќе се зголемува.
Ќе дува засилен јужен и југоисточен ветер, а во делови од западна Македонија ќе дува и засилен источен ветер. Ветерот понекаде ќе достигне брзина и до 30 км/ч.
Минималните температури од -3 до 4 степени, а максималните температури ќе достигнат до 6 односно до 14 степени.
Во Скопје во четврток ќе биде претежно сончево со локална облачност и ветровито. Ќе дува умерен југоисточен ветер. Утринската температура од 1 степен, а максималната дневна до 11 степени.
Weather4all.com.mk