Во вторник во утринските часови ќе има појава на слаба магла. Во текот на денот ќе биде умерено облачно со повремени сончеви периоди, ветровито и свежо. Ќе дува доумерен северен и северозападен ветер, а во западните предели ќе дува доумерен североисточен ветер. Ветерот ќе достигна брзина и до 30 км/ч. Утрата ќе бидат постудени со утрински температури од 5 до 15 степени, додека пак максималните дневни температури ќе достигнат до 13 односно до 23 степени.
Во Скопје во вторник ќе биде умерено облачно со повремени сончеви периоди и ветровито. Ќе дува доумерен северозападен ветер. Утринската температура од 13 степени, а максималната дневна до 19 степени.
Тмурното време со повремени сончеви периоди но и пониски температури ќе продолжи во среда и четврток. Утринските температури од 5 до 15 степени, а макисмалните дневни ќе достигнат до 14 односно до 24 степени.
Разведрување се очекува од петок, па во петок и сабота по студените утра во текот на денот ќе биде претежно сончево и потопло. Утринските температури од 3 до 13 степени, додека пак максималните дневни ќе движат од 17 до 25 степени во петок, односно до 18 односно до 26 степени во сабота.
Weather4all.com.mk