Од осум часа што сте на работа, колку од нив се продуктивни? Колку работа всушност извршувате?
Одговорот може да ве изненади.
Експертот за личен развој, Стив Павлина вели дека „типичниот канцелариски работник поминува 90 минути во работење вистинска работа во текот на денот“.
90 минути. Тоа е помалку од 20% од работниот ден.
Колку време поминувате читајќи вести, одејќи на состаноци и пишувајќи бескрајни меилови? Иако овие активности можеби ви изгледаат како работа, тие воопшто не се продукитвни. Како што вели Павлина: „Имаме многу повеќе технологија која ни асистира и помага да бидеме продуктивни, но исто толку и ни го одвлекува вниманието“.
Токму поради ова случување, тој дава интересен поглед на работите: „Генералниот проблем е дека се`уште применуваме модел од индустриската ера во продуктивноста на работниците. Логично е да се обрнува внимание на часовите ако продуктивниот излез за секој час е приближно ист. Ова може да е вистина за работната сила која ја повторува работата, но не важи за работниците кои го користат своето знаење“.
За да се избори против ова, Павлина работи со таканаречени „фокус блокови“. 90 минути интензивна продуктивност, проследена со пауза. КОга ќе се спореди овој работник со просечниот канцелариски работи, добивате целодневна работа извршена само со еден фокус блок.
Павлина наведува неколку чекори за работа во фокусот на блоковите:
1. Изберете една тема - Не се обидувајте да завршите различни проекти истовремено; изберете една тема, како на пример пишување извештај или одговарање на меиловите и држете се кон него. Според Павлина, ова ќе му овозможи на вашиот мозок да се посвети на еден единствен контекст, со што ќе бидете поефикасни.
2. Листа на чекори за акција: Ако работите на нешто непознато за вас, Павлина вели дека чекорите за акција ви ги олеснуваат работите.
3. Дефинирајте ја и завршете ја работата брзо: Направете јасна цел. Знаејќи што сакате да постигнете во 90 минути ќе ви помогне да останете мотивирани.
4. Обезбедете средина во која никој нема да ви пречи и да ви го одвлекува вниманието без разлика дали станува збор за колега кој зборува премногу или вашиот телефон или нешто слично.
Во крајна линија, не треба да работите осум часа на ден за да ја сработите вашата работа. Обидете се да работите кратко време и ќе бидете многу повеќе продуктивни.