Иако нема бојкот на наставата, автономната зона продолжува на факултетите. Тоа значи дека студентите се „главни“ и понатаму, како што и треба да биде.
На факултетите последниве два дена се одржуваат алтернативни предавања едукативни за студентите.
Денес програмата за ФЛФ/ФЗФ изгледа вака:
15:30 - 17:00 „За позицијата на човекот пред вратата на Законот (Франц Кафка и Примо Леви)“ со Славица Србиновска, Маја Бојаџиевска и Ирина Талевска @ А3
17:00 - 18:30 „Политичкото, биополитики и тела на отпор“ со Славчо Димитров @ A3
19:00 - 20:00 Conquering Lion @ Аула
Па, имаме време за сите. Сите на Филолошки/Филозофски факултет.