Еден од најпопуларните квартови во Копенхаген, но истовремено и негова најголема атракција е
Кристијанија, автономна зона кои последните неколку децении предизвикува вистински контроверзи.
На нејзините улици се продаваат хашиш и трева, нема автомобили, а жителите живеат на еколошки начин. Генерално, кога ќе влезете во Кристијанија, имате чувство како да сте се вратиле во 70-тите години од минатиот век.
Кристијанија е основана од страна на група хипици, кои во 1971 година направиле дупка во оградата на касарната во Бадмансгаде. Набрзо подрачјето станало познато под името „Пашер стрит“ затоа што таму можело да се купи и продаде хашиш и трева, но не и тешки дроги.
Денес во Кристијанија живеат околу 1.000 луѓе, а секоја година ја посетуваат околу половина милион туристи. Нејзините жители сами ги изградиле своите домови, па архитектурата е особено разновидна и живописна. Има бројни ресторани, кои главно нудат еколошка храна, уметнички галерии, музички собиралишта, а се одржуваат и најразлични работилници.
Нејзините жители доаѓаат од целиот свет, а за државјанство мора да аплицирате и да се надевате дека ќе го добиете, а истото важи и за недвижнините. Овде не можете слободно да одлучите дека сакате да купите куќа, туки како и за државјанство, треба да аплицирате и да чекате дозвола.
Речиси 40 години овој кварт постоел под посебни услови, а конфликтите меѓу власта и жителите биле чести сè до 2011 година, кога е склучен договор за автономија на ова подрачје, која ја признава и данската власт. Идната година е основата Фондацијата за автономна Кристијанија, која е сопственик на целото подрачје.
Ако патувате за Копенхаген, овој кварт не смеете да го заобиколите, но пред да го посетите, задолжително треба да се информирате за правилата на однесување. Со оглед дека трговијата со трева, која во Данска е нелегална, забрането е фотографирање но и трчањето е непожелно затоа што кај луѓето создава чувство на мачнотија, особено улиците околу улицата Пушер. За среќа, некои посетители биле глуви за забраната за фотографирање, па така на „Инстаграм“ можат да се видат фотографии од ова необично место.
Подрачјето најдобро може да се разгледа со водич, а локалното население со задоволство ќе ве прошета наоколу. Турите секојдневно започнуваат во 15 часот, достапни се на англиски и дански јазик, а цената се движи околу 5 евра.
Ако не преферирате водич, ова се местата кои задолжително треба да ги видете: Ковачницата Кристијанија Блексмит, Геј Хаус – каде всушност не можете да влезете без членска карта, а се работи за културен центар каде се собираат припадници на ЛГБТ заедницата, каде се одржуваат претстави, перфоманси и концерти.
Најголемата концертна хала во квартот е Греј Хаус, некогашната касарна. Уште една значајна концертна хала во Кристијанија е и Лопен, а не смеете да пропуштите да го посетите ресторанот Моргенстедет кој нуди органска и вегетаријанска храна, со дневна понуда која се разликува во однос на тоа од кое место во светот доаѓа шефот на кујната за тој ден. Овде можете убаво да се нахраните за околу 15 евра, што за Копенхаген, е „занемарлива“ сума. Интересно е дека работната сила во овој ресторан се базира на волонтерство.
Уште едно култно место во самопрогласениот слободен град Кристијанија е ресторанот Списелопен, каде работат луѓе од 16 земји во светот. „Задолжителна“ е и посетата на кафулето Немоланд каде секоја недела се одржуваат по два бесплатни концерти.