Меѓународните училишта НОВА, како еднo од 19-те меѓународни училишта од
централна и источна Европа членки на CEESA (Central & Eastern European Schools
Association), на своите ученици им овозможуваат учество на меѓународни спортски
натпревари во повеќе спортови како фудбал, кошарка, одбојка, пливање, тенис и
софтбол.
Овогодинешниот меѓународен кошаркарски турнир за средношколки (5 до 7 март),
ќе биде организиран во Скопје од страна на НОВА. На турнирот покрај тимот на
НОВА ќе земат учество и тимови од Меѓународното училиште од Белград, Србија
(ISB - International School of Belgrade), Англо - Американското училиште од Софија,
Бугарија (AAS - Anglo-American School of Sofia), Печерск меѓународното училиште од
Киев, Украина (PSI - Pechersk School International, Kiev), Meѓународното училиште од
Хелсинки, Финска (ISH - International School of Helsinki) и Меѓународното училиште
од Братислава, Словачка (QSI – Quality School International, Bratislava).
Натпреварите од тунирот ќе се играат на терените во спортскиот центар Борис
Трајковски во четврток и петок, и во спортскиот центар Кале во сабота. По
завршувањето на натпреварите по лига систем (секој со секој), во сабота на 7 март ќе
се играат завршните натпревари за освојување на 5-то, 3-то и 1-во место. За најдобрите
тимови следуваат пехари и медали.
На самиот турнир фер плејот се цени исто толку колку што се цени и умешноста и
посветеноста во самата игра. Поради таа причина најголемиот трофеј се доделува
на екипата која според гласовите на играчите и тренерите од другите тимови
демонстрирала нај фер-плеј однесување и најпозитивен однос кон самата игра, кон
другите тимови, кон судиите и гледачите. Ова е навистина престижен трофеј кој секоја
екипа го посакува во своите витрини.
На крајот на турнирот исто така се прогласува и All Star Team кој го сочинуваат
најдобрите играчи од сите тим. Влезот на турнирот е бесплатен.