X
 04.03.2015 Култура

Откриена одамна изгубена цивилизација

град

 

Дали сте слушнале за одамна изгубениот „Бел град“?


До неодамна градот бил само мит, меѓутоа група на експерти тврди дека го пронашла во прашумата Хондурас заедно со остатоците од цивилизацијата која цветала пред повеќе од илјада години.

Меѓу остатоците се ноѓаат и пирамиди, могили, продавници, резбани садови и колекција на скулптури. Потрагата за овој град датира од 1920 година, а забележан бил напредок во 1940 година кога Теодор Морд излегол од прашумата со голем број артефакти за кои тогаш се мислело дека потекнуваат од Белиот град. Но, за жал Теодор се самоубил пред да ја открие локацијата на градот.

Истражувачите тврдат дека го откриле градот толку длабоко во шумата што животните од тој дел никогаш не виделе луѓе. Со оглед на тоа што на шумата и` се заканува долината, подетално истражување на градот ќе биде многу тешко изводливо.
Подготвил: Тамара Мисирлиевски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура