X
 09.09.2018 Наука

Психолошки трикови со кои ќе ги надмудрите вашите пријатели

Психолошките трикови насекаде нѐ опкружуваат - на рекламите, во спортот, на социјалните мрежи, на работа. Луѓето ги користат своите социјални вештини и перцепција и влијаат врз околината за да поминат што подобро.

Некои од тие трикови се сосема едноставни - кажете го наглас името на личноста што ја запознавате и поголеми се шансите да го запомните. Постојат и посуптилни. Пробајте ги, макар и од љубоптиност и видете дали функционираат.

1. Ако сакате луѓето да ги сфатите сериозно, кажете им дека голем број работи сте ги научиле од вашиот татко. Луѓето инстинктивно веруваат во советите на татковците.

2. Кога играте „хартија, камен, ножици“, поставете му на соиграчот некое прашање пред да мавнете со раката. Штом го поставите прашањето, веднаш речете „хартија, камен, ножици“, и скоро секогаш личноста покрај вас ќе покаже ножици.

3. Ако вашите деца не сакаат брокули, прашајте ги дали сакаат две или пет, наместо да ги прашате дали сакаат да јадат. На тој начин веќе сте одлучиле наместо нив, но тие ќе имаат чувство дека поминале супер бидејќи ќе добијат помалку брокули.

4. Во главата ви се врти глупава песна? Помислете на крајот на песната и испејте го. Според Зејграник ефектот, вашиот мозок има тенденција да мисли на незавршени работи, па крајот на песната ќе стави точка на ужасното повторување.

5. Ако имате чувство дека некој ве набљудува, обидете се да се прозевате и погледнете наоколу. Ако некој навистина ве следи и набљудува, и таа личност ќе започне да се преозева бидејќи прозевањето е заразно.

6. Кога мислите дека некој планира да ви се спротивстави и да ве нападне вербално на состанок, седнете до него. Тешко е некому да му кажувате лоши работи и да бидете агресивни кога е физички блиску до вас. Никој не сака да седи до личноста која ја критикува.

7. Сакате пријателот да ви се довери? Поставете му прашање и ако само делумно одговори продолжете да го гледате директно во очи и останете неми неколку секунди. Обично ќе продолжи да зборува, можеби малку изиритиран, но ќе ви се довери.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука