X
 06.03.2015 Живот

Какво време ни претстои викендот што следи



Македонија и во петок ќе биде под влијание на циклонска активност која што ќе услови нестабилно време со врнежи од дожд и снег и ветровито. Врнежи од снег се очекуваат над 800 метри надморска висина.

Во вечерните часови и во текот на ноќта врнежите од дожд ќе преминуаваат во врнежи од снег и во пониските предели до 400 метри надморска висина. Ќе дува засилен северен и северозападен ветер, а во запаните предели ќе дува засилен североисточен ветер. Ветерот ќе достигне брзина и до 30 км/ч.

Утринските температури од -1 до 6 степени, а максималните дневни ќе достигнат до 0 односно до 9 степени.

Во Скопје во петок ќе биде облачно со врнежи од дожд. Во вечерните часови и во текот на ноќта врнежите од дожд ќе преминат во врнежи од снег. Ќе дува умерен северозападен ветер. Утринската температура од 3 степени, а максималната дневна температура ќе достигне до 7 степени.

Во сабота во Македонија ќе биде облачно со врнежи од дожд и снег и ветровито. Ќе дува засилен северозападен и североисточен ветер. Врнежи од дожд ќе има само во Гевгелиско-Валандовскиот регион.

Облачно време со услови за слаби врнежи од дожд и снег ќе има во недела. Врнежите ќе бидат пропратени со засилен ветер. Утринските температури ќе се движат од -4 до 3 степени, а дневните температури ќе достигнат до 0 односно до 7 степени.

Weather4all.com.mk

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот