Во Македонија во среда ќе биде облачно со врнежи од дожд и ветровито. Во доцните попладневни и во вечерните часови се очекуваат пообилни врнежи од дожд. Локално се очекуваат да наврнат и до 20 литри дожд. На планините над 1800 метри со врнежи од дожд. Ќе дува засилен југоисточен и југозападен ветер, кој ќе биде засилен во западните пределии ќе достигне брзина и до 35 км/ч. поради јужното воздужно струење се очекува и повисоки температури, утринските од 0 до 9 степени, додека пак максималните дневни од 6 до 13 степени.
Во Скопје во раните утрински часови магловито. Претпладне се очекуваат врнежи од дожд, кои во доцните попладневни и во вечерните часови ќе се интензивираат. Ќе дува доумерен југоисточен ветер. Утринската температура од 2 степени, а максималната дневна до 8 степени.
МАКЕДОНИЈА 5 ДЕНА - Во четврток пониски утрински температури, во текот на денот умерено облачно со врнежи од дожд, над 800 метри со врнежи од снег. Максималните температури до 4 односно до 12 степени. Во петок пад на утринските температури но и стабилно време со дневни температури до 3 односно до 11 степени. Во сабота умерено облачно со сончеви периоди и потопло со температури до 5 односно до 12 степени. Во недела зголемување на облачноста но и на температурите, со максимални во интервал од 6 до 13 степени.
Weather4all.com.mk