X
 25.03.2015 Живот

Временска прогноза до крајот на неделата



Во Македонија во среда ќе биде облачно со врнежи од дожд и ветровито. Поинтензивни врнежи се очекуваат во претпладневните часови и околу пладне. Локално се очекуваат да наврнат до 15 литри дожд. Во доцните попладневни часови врнежите постепено ќе престануваат.

На планините над 1500 метри со врнежи од снег.

Ќе дува засилен јужен и југоисточен ветер кој понекаде ќе достигне брзина и до 30 км/ч. Понекаде во западните предели ќе дува засилен источен ветер.

Утринските температури ќе се движат од 2 до 9 степени, а максималните дневни температури ќе достигнат до 3 односно до 13 степени.

Во Скопје во среда ќе биде облачно со врнежи од дожд и ветровито. Ќе дува засилен југоисточен ветер. Утринската температура од 7 степени, а максималната дневна ќе достигне до 10 степени.

По врнежливата среда, во четврток претпладне ќе биде претежно облачно со повремени сончеви периоди. Попладне нестабилно со врнежи од дожд. Утринските температури од 1 до 8 степени, а максималните дневни ќе достигнат до 7 односно до 17 степени.

Нов бран на врнежи не очекуваат во петок и сабота. Поинтензивни врнежи не очекуваат во петок кога локално се очекуваат да наврнат и до 20 литри дожд. Додека пак во сабота врнежите ќе бидат со послаб интензитет и ќе ги има само во претпладневните часови. Минималните температури од 2 до 10 степени, а максималните дневни до 5 односно до 15 степени.

Во недела ќе биде умерено облачно со повремени сончеви периоди и суво. Минималните температури од 1 до 8 степени, а максималните до 7 односно до 17 степени.

Weather4all.com.mk

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот