Денес е четврток, 27 октомври 2016 година, 301-иот ден во годината.
Сонцето изгреа во 06:55, а ќе зајде во 17:38 часот. Денот ќе трае 10
часа и 43 минути.
Во Македонија ова утро имаме претежно облачно и малку потопло време во
однос на утринските температури во изминатите денови.
Во текот на денот не очекува претежно облачно време со услови за
повремени сончеви периоди, ветровито и посвежо време со пад на дневните
температури. Ќе дува доумерен засилен североисточен и северозападен
ветер кој ќе достигне брзина и до 40 км/ч. Во доцните попладневни и во
вечерните часови од југ продор на влажна воздушна маса која во
југозападните, јужните и југоисточните предели ќе услови врнежи од дожд,
а услови за дожд може да има и понекаде во централните и источните
предели. Овие врнежи се очекува да продолжат и во текот на ноќта кон
петок. Утринските температури од 7 до 15 степени, додека пак
максималните дневни ќе достигнат до 11 односно до 19 степени.
Во Скопје умерено облачно време со услови за повремени и кратки сончеви
периоди. Ќе дува доумерен засилен северен и северозападен ветер.
Утринската температура од 13 степени, а мкасималната дневна до 16
степени.
Во петок во раните утрински часови услови за врнежи од дожд ќе има во
југозападните, јужните и југоисточните предели кои претпладне ќе
престанат и намалување на облачноста, а во останатите предели во текот
на целиот ден умерено облачно време со повремени сончеви периоди и
ветровито со температури од 8 до 17 степени. Во сабота и недела по
студеното утро, во текот на денот претежно сончево со локална облачност.
Во сабота утринските температури од -2 до 6 степени, а максималните до
10 односно до 19 степени, додека пак во недела минималните од 0 до 8
степени, а дневните од 8 до 17 степени. Во понеделник претежно сончево
со локална облачност, попладне зголемување на облачноста и температури
од 10 до 19 степени.
Weather4all.com.mk