X
 28.03.2015 Живот

Македонски Телеком и Т-Мобиле вечерва ќе ги исклучат светлата

Македонски Телеком и Т-Мобиле се вклучија во акцијата „Часот на планетата земја“ 2015

 

Македонски Телеком и Т-Мобиле Македонија, традиционално и годинава се вклучуваат во светската волонтерска акција „Часот на планетата земја“, преку која со симболично исклучување на светлата ќе се испрати порака за спас на планетата. Во рамките на акцијата, Македонски Телеком и Т-Мобиле вечерва со почеток од 20 до 22 часот ќе го исклучат осветлувањето во административната зграда во центарот на Скопје, односно во работните простории, во Телеком иновативниот центар, фасадното осветлување и светлечките реклами.


Македонски Телеком и Т-Мобиле Македонија со години наназад се вклучуваат во светската акција „Часот на планетата земја“ и ја покажуваат својата општествена одговорност, како и посветеноста за заштита на човековата околина. Со поддршката на оваа акција, двете компании  истовремено даваат свој придонес во подигањето на свеста за зачувување на здрава животна средина за идните генерациии.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот