ЗАШТИТА ОД БЕЗБЕДНОСЕН ПРОПУСТ НА ANDROID:
ТЕЛЕКОМ ПРИВРЕМЕНО ГО ПРЕНАСОЧУВА ПРИМАЊЕТО НА MMS КАКО SMS
Според известувањата од медиумите, Android уредите моментално се засегнати од безбедносен пропуст. Американски истражувач открил безбедносен пропуст во една компонента од системот („Stagefright“ и други) која се користи за пуштање на медиа фајлови. Сите Android уреди можат да бидат засегнати, независно од мрежниот оператор. Безбедносниот пропуст влијае на медиа фајловите независно од тоа како се примени (преку MMS, WhatsApp, Hangouts, Facebook, YouTube итн.) Криминалната злоупотреба може да се изврши преку отворени медиа фајлови (аудио, видео, фотографија) кои биле примени преку која било услуга. Потоа тој софтвер (malware) може да се дистрибуира преку листата со контакти на уредот.
За да ги заштити своите корисници, Македонски Телеком привремено ќе изврши префрлање од автоматско во мануелно симнување на MMS пораки со видео содржина. Како резултат на овaа промена, потенцијално инфицираните MMS пораки веќе нема автоматски да се симнуваат без никаква активност на корисникот.
Кога ќе добијат MMS, корисниците ќе добијат SMS со порака и линк. Содржината на MMS-от може да се добие преку линкот и со потврдување на внесените податоци за најава. И покрај тоа, фајлот би можел да биде инфициран и затоа корисниците треба да бидат внимателни при симнувањето и отворањето на фајловите - што важи за сите медиа фајлови.
Македонски Телеком работи со своите добавувачи на изнаоѓање на начин за затворање на овој безбедносен јаз. Веднаш штом ќе се најде решение, повторно ќе ги вратиме „нормалните“ подесувања за испраќање на MMS.