X
 06.04.2015 Технологија

Т-Мобиле организира наградна игра на векот



    Главна награда е Порше Кајман, а во игра се и три автомобили Ауди А3
    Во големата наградна игра можат да учествуваат сите при пејд корисници
    За учество во играта нема трошоци, освен редовно дополнување на сметката  

Т-Мобиле Македонија организира досега најголема наградна игра за своите корисници. Учесниците во наградната игра имаат можност да освојат едно од трите Ауди А3 автомобили, додека за најсреќниот добитник е резервиран луксузниот Порше Кајман.


 

Наградната игра започна на 05 Април и ќе трае до 30 Мај. Правилата се едноставни, а играта важи за сите нови и постојни припејд корисници. За да учествуваат во играта, корисниците треба најпрво да се регистрираат со повик на бесплатниот број 1469. Потоа, со надополнување на ваучер од најмалку 300 денари, добиваат клуч со кој учествуваат во едно од трите извлекувања за автомобилот Ауди А3. Со 3 клуча (најмалку три ваучери од по 300 денари) при пејд корисниците имаат шанса да ја освојат главната награда - неверојатниот Порше Кајман.

Извлекувањето на добитниците на автомобилот Ауди А3 ќе биде на 19 април, 3 мај и 17 мај во емисијата „Во недела попладне“ на Алфа ТВ, додека доделувањето на главната награда Порше Кајман ќе се случи на 31 Мај во истата емисија.

Освен редовното надополнување на сметката, за оваа наградна игра нема никакви дополнителни трошоци.  

За сите оние коишто сакаат да играат за еден од четирите фантастични автомобили, но не се припејд корисници на Т-Мобиле, постои дополнителна поволност. Во рамките на промотивната понуда „Припејд Дуо“, новите при пејд корисници за 295 денари добиваат пакет од 2 картички,  при што секоја од нив е со вклучени разговори и SMS пораки во вредност од 10.000 денари кои може да се искористат кон сите T-Mobile и Т-Home корисници во период од 30 дена.

„Се чини како никогаш досега не било толку лесно да се дојде до Порше Кајман. Па затоа,  се охрабривме играта да ја наречеме „Наградна игра на векот“. Одлучивме да ги изненадиме нашите при пејд корисници на најдобар можен начин и да им се заблагодариме за лојалноста и поддршката која ја добиваме од нив. Со нетрпение ги очекуваме среќните добитници на овие навистина вредни награди, а особено новиот сопственик на Порше Кајман. Ги повикуваме сите да учествуваат во играта која што ќе им овозможи не само забава, туку и дополнително пријатно изненадување-автомобил од соништата“, изјави Димитар Ковачевски, директор на Корпоративни комуникации.

Повеќе информации за наградната игра корисниците може да добијат на на www.t-mobile.mk, на 122 или во најблиската Телеком продавница.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија