X
 05.08.2018 Живот

Најнова атракција! Ноќевајте на Кинескиот ѕид, сѐ е платено. Погледнете како изгледа

Замислете си сценарио во кое од „Airbnb“ ви јавуваат дека сте освоиле неколку ноќевања на Кинескиот ѕид и тоа со платен превоз, храна и секако, сите ноќевања.

„Airbnb“ во соработка со Пекиншката организација која се занимава со развој на туризмот пренамени еден дел од Кинескиот ѕид во неколку мали апартмани. Тие моментално не можат да се резервираат бидејќи во тек е натпревар на кој треба да се пријавите за да бидете избрани први да преноќите на Кинескиот ѕид.

Фото: Jutarnji

Сѐ што треба да направите е да отидете на страницата на „Airbnb“ и да одговорите на само едно прашање и на тој начин да влезете во кругот потенцијални добитници.

Фото: Jutarnji

Станува збор за периодот од четврти до осми септемви, платен е лет со економска класа од вашиот најблизок аеродром до Пекинг, а таму ве очекува превоз до Кинескиот ѕид. Вклучени се и три оброци на ден. Просторот е феноменално уреден, а веруваме дека погледот оттаму е уште подобар.

Фото: Jutarnji

Со среќа!
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот