X
 09.04.2015 Образование

Прва одбрана на магистерски труд на Универзитетот "Свети Апостол Павле"

Инженерот Љупчо Балески е првиот постдипломец на Универзитетот „Свети Апостол Павле“ кој ја понесе титулата магистер по информатички науки и технологии, откако вчера пред тричлената комисија во состав доц. д-р Драги Кимовски (претседател), проф. д-р Нинослав Марина и проф. д-р Елена Хаџиева (членови), успешно го одбрани магистерскиот труд на тема: Интерконекциски мрежи за ,,Exaflop” сметачки системи со високи перформанси.

 

Во изјава за медиумите после настанот Ректорот на Универзитетот проф. Нинослав Марина рече дека:  - Промоцијата на првиот магистер на Универзитетот „Свети Апостол Павле“ е од особено значење, имајќи предвид дека со ова се отвора патот за отворање на програма за докторски студии на Универзитетот. 

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование