X
 19.04.2015 Образование

Тежок математички проблем - Кога е роденденот на Шерил?

Дали сте попаметни од навистина паметен средношколец од Сингапур?

 

rodenden


Доколку сте, веројатно лесно ќе можете да откриете кога е роденденот на Шерил, сингапурскиот логички проблем поради кој интернетот полуде. Некои дури и велат дека ова е математичкиот еквивалент на дебатата „Која боја е фустанот?“.

Предизвикот за роденденот на Шерил беше зададен на математичката Олимпијада на Азиските училишта во Сингапур со цел да се тестираат најдобрите средношколци.

Еве го математичкиот проблем:

Алберт и Бернард штотуку се запознаа со Шерил, и тие сакаат да знаат кога е нејзиниот роденден, меѓутоа не сака да го каже. Затоа, таа им дава листа на 10 возможни роденденски датуми: 15 мај, 16 мај, 19 мај, 17 јуни, 18 јуни, 14 јули, 16 јули, 14 август, 15 август и 17 август.

Алберт: Не го знам роденденот на Шерил, но знам дека и Бернард не знае.

Бернард: На почеток не го знаев роденденот на Шерил, но сега го знам.

Алберт: Тогаш и јас знам кога и` е роденден на Шерил.

Кога и` е роденденoт на Шерил?
Подготвил: Тамара Мисирлиевски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование