Групацијата Дојче Телеком, чиј член е Македонски Телеком и Т-Мобиле Македонија, го најавува интернационалниот натпревар „Business Wall of Fame“ во кој може да се пријави секое М2М бизнис решение
Учесниците имааат шанса да добијат национална маркетинг кампања вредна 30.000 евра и да станат партнери на Македонски Телеком.
Дополнително, најдоброто „IoT“ решение на меѓународно ниво ќе биде промовирано од Дојче Телеком во своите национални компании низ Европа.
Македонски Телеком, како член на групацијата Дојче Телеком, во Македонија за првпат го носи
интернационалниот натпревар „Business Wall of Fame“, кој се однесува на „Интернет на нештата“ решенија („IoT”). На натпреварот можат да учествуваат сите развивачи кои имаат готови М2М решенија, односно, решенија за поврзани машини, кои вклучуваат хардвер, софтвер и поврзување, а се применливи за други компании како крајни корисници.