Кели Старет од „Кросфит“ во соработка на „Донорс чуз“ се надеваат дека ќе направат револуција во училниците. Се работи за нов стил кој е подобар за здравјето и фокусираноста на учениците. Стилот веќе ќе биде имплементиран во основно училиште во Калифорнија, САД.
Веќе од август годинава, основното училиште „Валесито“ во Сан Рафел, Калифорнија нема да има столови. Училиштето ќе биде прво во државата, а веројатно и светот, кое целосно ќе ги промени училниците.
Радикалната промена е последица на неколку факти: многу деца седат премногу време додека се будни, а долгото седење го зголемува ризикот од прерана смрт; стоењето го зголемува вниманието; канцелариите веќе ги заменуваат столовите со маси за стоење.
Програмата е дело на родители на деца кои одат во основното училиште кадешто ќе биде имплементирана, кои се основачи на „Сан Франциско Кросфит“.
Тие работеле на истражување поврзано со ефектите од долгото седење, што ги поттикнало да ја основаат програмата.
Според
новиот метод, за време на часовите, учениците стојат во периоди од 15 минути, колку што траат часовите, а помеѓу часовите тие ручаат и играат. Клупите се дизајнирани за полесно стоење и се специјално изградени за висината на секое дете.
Училницата ќе има столови, но тие ќе се користат само во одредени ситуации.
Клупите на кои ќе работат учениците се движат, со што учениците ќе добиваат и забава и игра за време на учењето, но и поголема активност.
Основачите се надеваат дека за една деценија секое јавно училиште во САД ќе го имплементира овој метод, што ќе биде најзначајната интервенција во јавното здравје од вакцинацијата.