Без разлика дали сте заглавени некаде, или пак сакате да им испратите порака на вашите членови од тимот, вашиот телефон стана сериозна алатка за успех. Тој нуди удобност, стабилност и одлични можности. Ова се неколку апликации кои можете да ги пронајдете во телефонот на успешните луѓе.
1. Flipboard - Оваа апликација во помага да останете информирани затоа што ги имате сите приказни од целиот свет токму во вашиот телефон.
2. DropBox - DropBox е слична на Google Drive со тоа што ви помага, односно ви дава пристап до документите, испратените документи и споделување на линкови. Многу претприемачи и бизнис лидери имаат само пофални зборови за оваа апликација.
3. Dragon Dictation - Оваа апликација ја подобрува продуктивноста на многу успешни луѓе бидејќи останува најдобрата апликација за диктат. Со оваа апликација можете да зборувате во вашиот телефон наместо да пишувате. Можете да испратите текст порака, меил или да постирате на Фејсбук преку зборување, а не пишување.
4. Mint - Mint ги менаџира финансиите на успешните луѓе. Со Mint можете да ги надгледувате вашите лични финансии додека сте на пат. Aпликацијата ги консолидира сите вашите онлајн банкарски сметки, сметки од инвестиции, долгови и трошоци.
5. Evernote - Evernote ви овозможува работен простор во кој ќе можете да ги зачувате вашите белешки, лични информации, документи, фотографии, аудио записи, веб страни итн.
6. LinkedIn - Со оваа апликација успешните луѓе можат да го изградат нивниот личен бренд, да се поврзуваат со други луѓе и да останат информирани.
7. Pocket - Нема потреба да го трошите времето читајќи ја целата приказна додека сте на работа. Со Pocket едноставно можете да ги зачувате статиите за подоцна.
8. Casual Project Management - Со оваа апликација станувате повизуелни и имате поголема соработка со вашиот тим. CPM е бизнис алатка која ги прави полесни и поедноставни проектите, поврзувајќи се со другите членови од тимот.
9. Slack - Slack е одлична за тимови бидејќи нуди одлична комуникација за многу вработени. Можете да пребарувате разговори со вашите колеги, и ви помага да бидете попродуктивни.
10. The Swizzle - Swizzle ви помага да ставите крај на junk меилот кој е навистина досаден, а вие сте презафатени да го исчистите.