X
 21.10.2017 Живот

Како технологијата ја намалува емоционалната интелигенција кај децата?

deca

Технологијата ги претвори децата во емоционално неинтелигентна генерација, предупредува психотерапевтот Шон Кловер, автор на книгата „Кога децата го имаат главниот збор“.

Неволја започна во тој момент кога технологијата го презеде приматот над смислената комуникација. Како што зависноста од технологијата напредува, децата низ светот живеат во меурот на нарцисоидноста, отуѓени од сопствените мисли и чувства, како и мислите и чувствата на другите. Помалку знаат да разговараат, а нивната човечност е доведена во прашање бидејќи сочувството е она што страда поради изложеноста на екраните.

Во неговата позната книга „Емоционална интелигенција“, Даниел Голмен ја дефинира како способност да се препознаат сопствените и туѓите чувства. Луѓето со висока емоционална интелигенција имаат поздрави врски, подобро се приспособуваат и повешто ги постигнуваат своите цели.

Тој уочува пет главни карактеристики на емоционалната интелигенција: самосвест, самоконтрола, социјални вештини, сочувство и мотивираност.

Што е заедничко за сите овие карактеристики? Посетете ја најблиската градинка и ќе ги пронајдете кај повеќето деца, особено во играта. А еве како технологијата негативно влијае врз секој од овие фактори:

1. Ја намалува самосвеста


Повеќе време за технологијата значи помалку време поминато со сопствените мисли и чувства. Поради тоа, децата растат отуѓени од своите чувства, неспособни за самонабљудување и самоанализа.

2. Намалена самоконтрола


Зависноста од технологија ја зголемува импулсивноста и ја намалува толеранцијата. Децата остануваат емотивно незрели, заглавени во детските обрасци за однесување, како што е нападот на бес и агресивност.

deca

3. Им се нарушуваат социјалните вештини


Кога децата играат преку интернет, скоро е невозможно да склопат вистински пријателства. Растат изолирани, без можност за изградба на вештини за комуникации со другите.

4. Се намалува емпатијата

Наместо дружење со семејството и другарите, децата се движат низ светот како во транс, незаинтересирани за другите, без емпатија и чувства за другите.

5. Ја убива мотивираноста

За да се реализираат личните цели, потребни се посветеност, внимание, трпеливост, сето она што децата денес немаат можност да го развијат поради заробеноста во виртуелниот свет. Како и секој зависник, ги занемаруваат и ги запоставуваат своите амбиции. Секојпат кога треба да се соочат со проблемите во реалниот свет, стануваа незадоволни бидејќи реалниот свет не можат да го контролираат на начин на кој го контролираат виртуелниот.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот