X
 01.05.2015 Образование

Scientix - портал наменет за наставниците од природните науки



Scientix е проект инициран од Европската комисија за истражување и иновации и е под FP7 програмата за истражување и технолошки развој.Со Scientix менаџира EUN (European Schoolnet Academy;www.eun.org) формирана 1997 година со седиште во Брисел,Белгија. EUN е мрежа од 30 Министерства за образование во Европа и претставува една од клучните организации за иновации во наставата и учењето кои силно ја подржуваат европската соработка помеѓу училиштата и наставниците.

Проектот Scientix е составен од две фази. Во првата фаза (2009-2012) проектот изгради онлајн портал (www.scientix.eu) за да се соберат и презентираат STEM (Science, Technology, Engineering and Mathematics) европските едукативни проекти со цел да се доближат природните науки до европските ученици.

Целта на втората фаза, која е започната од 2013 година е овој проект да стане достапен препознатлив на национално ниво, особено за наставниците во основно и средно образование. Собирајќи ги наставниците и истражувачите на едно место, со иста цел, ја промовира европската димензија во образованието и го подобрува квалитетот на европското образование. Наставниците во Македонија имаат прекрасна можност да станат дел од овој европски проект.

Во овој проект можат да учествуваат наставници од основно и средно образование кои предаваат биологија, хемија, физика информатика, географија, математика, инженерство и технологија.

Наставниците можат да се регистрираат на онлајн порталот (www.scientix.eu) со свое корисничко име и лозинка. Потоа преку главните мениа имаат можност да пребаруваат низ порталот и да искористат најразлични едукативни материјали.

Scientix е проект-платформа, во кој се сублимирани голем број на европски проекти. Проектите се пребаруваат според земја носител, земји учеснички, теми на интерес и сл. Освен вклучување во европски проекти Scientix овозможува нашите наставници подеднакво како и европските, да се стекнат со (само)едукација преку учество во курсеви за професионален развој, учество во онлајн обуки, вебинари, конференции, работилници и натпревари. Пристапот до онлајн обуките и курсевите освен на порталот на Scientix достатни се и на страната на EUN( www.eun.org).

Сите корисници на Scientix се охрабруваат да дадат учество на порталот преку делење на извори и ресурси на подучување, размена на техники, вештини и методи во наставата као и споделување и превземање ресурси за ИКТ и дигитална технологија во училница.

Силвана Ристевска
Заменик амбасадор за Scientix во Македонија
e-mail: ristevskas@yahoo.com
телефон: 072271262
Тагови:

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование