X
 01.06.2021 Живот

Градот Вилнус создаде „портал“ до друг град за да им помогне на луѓето да се поврзат

Уморни сте од ограничувањата на патувањата поради пандемијата и сакате да видите нови луѓе? Главниот град на Литванија, Вилнус, има интересно решение: „портал“ во реално време кој ве носи во друг град - прилично футуристички, нели?

Градот неодамна инсталира кружна „врата“ во близина на неговата железничка станица што се поврзува со „портал“ во Лублин, Полска, град кој е оддалечен околу 600 километри. Порталите имаат големи екрани и камери што емитуваат слики во живо меѓу двата града - еден вид дигитален мост, како што велат творците. Ова треба да ги охрабри луѓето да го преиспитаат значењето на единството, велат од „Гоу Вилнус“, организација што стои зад проектот.

- Човештвото се соочува со потенцијално смртоносни предизвици, без оглед дали тоа е социјална поларизација, климатски промени или економски проблеми. Но, ако погледнеме внимателно, проблемот е недостигот на емпатија, лоша перцепција на светот, која честопати е ограничена од нашите национални граници - вели Бенедикташ Гилис, претседател на фондацијата „Бенедикташ Гилис“. Тој вели дека проектот е мост што обединува и покана да се надминат предрасудите и несогласувањата.

2
Go Vilnius

Кругот, кој всушност ја имитира временската машина, бил дизајниран од инженери од Центарот за креативност и иновации на Техничкиот универзитет во Вилнус. Кругот се создавал пет години, а неговото откривање на крајот од пандемијата е со одличен тајминг. Постојат планови за лансирање на портали и во други градови во иднина.

2
Go Vilnius

- Од дизајн и 3Д-моделирање до развој на дигитални содржини и логистички предизвици - за проект како овој е потребен широк и мултифункционален тим. Значајни проекти како овој се раѓаат кога различни луѓе работат заедно и постигнуваат синхронизација - велат креаторите.

Извор: The Verge
Фото: Go Vilnius
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот