X
 12.05.2015 Живот

Временска прогноза: Какво време не очекува во наредните неколку денови?



Вторник ќе ни донесе посвежо утро, а во текот на денот ќе биде претежно сончево и потопло време. Попладне во источните и југоисточните предели зголемување на облачноста. Сеуште ќе дува умерен северен и северозападен ветер, а во западните ии крајните источни предели умерен североисточен ветер. Ветерот понекаде ќе достигне брзина и до 40 км/ч.

Минималните температури од 5 до 14 степени, а максималните дневни ќе достигнат до 16 односно до 25 степени.

Во Скопје во вторник ќе биде претежно сончево со локална облачност и потопло. Ќе дува умерен северен и северозападен ветер. Утринската температура од 11 степени, а максималната дневна температура до 23 степени.

Во среда, четврток и петок претежно сончево и топло. Во четврток и петок ќе има и локална облачност. Температурите ќе бидат во пораст, како минималните така и максималните.

Во петок се очекува да биде најтопло. Утринските температури од 8 до 17 степени, а максималните дневни температури ќе достигнат до 23 односно до 33 степени.

Во сабота умерено облачно со повремени сончеви периоди, попладне во северозападните, северните и североисточните предели со услови за врнежи од дожд. Дневните температури ќе бидат во опаѓање.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот