Денес е среда, 27 јули 2016 година, 209-иот ден во годината. Сонцето
изгреа во 05:18, а ќе зајде во 20:00 часот. Денот ќе трае 14 часа и 42
минути.
Во овие утрински часови во поголем дел од Македонија имаме умерено
облачно време, облачност која постепено ќе се намалува. Додека пак во
западните и југозападните предели претежно сончево со локална облачност
и посвежо време.
Во Македонија денес во утринските и претпладневните часови
во поголем дел ќе биде умерено облачно со сончеви периоди, а во
западните предели претежно сончево со локална облачност. Во
попладневните часови во северозападните, западните и југозападните
предели услови за врнежи од дожд и грмотевици, а услови за врнежи ќе има
во регионите на Кожуф и Ниџе. Во останатите предели претежно сончево со
локална облачност. Ќе дува доумерен слаб северозападен и североисточен
ветер. Утринските температури од 10 до 23 степени, додека пак
максималните дневни од 24 до 35 степени. УВ индексот ќе има вредност 7.
Во Скопје во утринските часови ќе биде умерено облачно со
сончеви периоди, претпладне намалување на облачноста. Во доцните
попладневни часови не е исклучена можноста за слаби локални врнежи од
дожд. Слаб северозападен ветер. Утринската температура од 18 степени, а
максималната дневна до 33 степени.
Во Македонија во четврток и петок во утринските и
претпладневните часови ќе биде претежно сончево, попладне во западните,
југозападните и северозападните предели со услови за локални врнежи од
дожд и грмотевици, а во останатите предели ќе биде претежно сончево и
топло. Максималните температури од 26 до 37 степени во четврток, односно
од 27 до 38 степени во петок. Во деновите од викендот ќе биде сончево и
многу топло со пораст на температурите. Во сабота максималните ќе се
движат од 28 до 39 степени, а пак во недела од 29 до 39 степени.