Доколку ги одговорите овие загатки (или девет од десетте) ви симнуваме капа. Обидете се. Одговорите ќе ги најдете долу.
1. Сиромашните го имаат. На богатите им треба. Доколку го изедеш, ќе умреш. Што е тоа?
2. Висока сум додека сум млада, а ниска кога ќе остарам. Што сум јас?
3. Таткото на Марија има пет ќерки. Тие се викале Нана, Нини, Нене, Ноно... Како се викала последната ќерка?
4. Во приземна розева куќа живееле розев човек, розева мачка, розева риба, имал розев компјутер, розева маса, розев телефон, розева бања - сè било розево! Која е бојата на ѕидовите на вториот кат?
5. Што се појавува еднаш во минута, двапати во момент, но ниту еднаш во илјада години?
6. Што може да фатите, но не и да фрлите?
7. Што е лесно како пердув, но и најсилниот човек на светот не може да го држи подолго од неколку минути?
8. Што е толку деликатно што го уништува само изговарањето на неговото име?
9. Човек возел автомобил. Немал запалени светла. Месечината не излегла. Пред него, жена поминува улица. Како ја видел?
10. Доколку електричен воз патува на југ, во која насока излегува чадот од него?
1. Ништо.
2. Свеќа.
3. Марија.
4. Нема друг кат, куќата е приземна.
5. Буквата „м“.
6. Настинка.
7. Здив.
8. Тишина.
9. Било ден.
10. Возот е електричен, нема чад.