X
 14.06.2026 Живот

Како да делегирате задачи без чувство на вина?

Кога кариерата ви е во подем, водите повеќе проекти и вашиот тим станува сѐ поголем, време е за важна лекција - делегирање задачи.

Кога треба да им делегирате задачи на одредени соработници, дали се чувствувате лошо? Доколку вашиот одговор е потврден, не грижете се. Тоа нема врска со вашите способности – повеќето жени имаат сериозен проблем кога е во прашање поделбата на задачите, а тоа им претставува сериозна пречка во кариерата. Истражувањата покажаа дека, додека мажите го набљудуваат делегирањето како нормален дел од работата, жените го гледаат како токсично, а потребата да ја пренесат работата на друг им претставува сериозен проблем: предизвикува непријатност, па дури и анксиозност. Како да го победите ова чувство?

Жените не сакаат да делегираат и 
лошо го прават тоа, покажа истражувањето

За жените, остварувањето на полниот лидерски потенцијал значи дека најпрво мора да научат да делегираат работи. Истражувањето на професорките Модупе Акинола, Ешли Е. Мартин и Кетрин В. Филипс открива изненадувачки родов јаз кога станува збор за делегирање на работите. Преку пет различни студии, овие авторки покажаа дека жените имаат негативни асоцијации кога размислуваат за делегирање на задачите, додека мажите го сметаат овој дел од работата за нормален и пожелен. Последиците? Жените поретко делегираат, а тоа ги води до прегорување и ги спречува да ги покажат сите свои лидерски квалитети.

Зошто на жените им е толку тешко да ги поделат задачите? Првата причина – жените и понатаму го доживуваат делегирањето како чин на авторитет, бидејќи неговата наредувачка компонента сѐ уште е посилна од развојната. Наместо да го доживуваат делегирањето како чин кој на нивните вработени им дозволува да растат и да се развиваат, да стекнуваат нови искуства, тие го доживуваат како токсично.

Пет чекори за успешно делегирање на работите:

Чекор 1. Препознајте го она што навистина можете да го направите само вие


Многу е важно да научите кои чекори во деловниот процес се токму оние што зависат од вас, каде што вашата интервенција е неопходна. За да ви биде полесно, запрашајте се: – Кои задачи навистина го бараат моето специфично знаење или донесување одлуки? – Што би можел, со добри насоки, да направи некој друг? – Дали се држам за нешто од навика, а не затоа што е навистина неопходно?

Чекор 2. Изберете ја вистинската личност за задачата

Кога ќе разграничите кои задачи навистина го бараат вашето знаење, тогаш пред себе имате и листа со оние задачи што можете да ги делегирате. Прашањето е само кому? Добрата распределба на задачите не подразбира префрлање на работата на првото слободно лице, туку наоѓање колега кој ги има потребните вештини. Размислете: – Кој сака да се развива во оваа област? – Кој има знаење и искуство ефикасно да ја води оваа задача или проект? – Кому би можел да му користи новиот предизвик?

Чекор 3. Поставете јасни очекувања, избегнувајте микроменаџмент

Делегирањето не значи дека ја препуштате контролата, напротив. Вие сте таа што треба да го спои целиот проект и сите задачи во една целина, како и да следи како колегите се справуваат со обврските.

Чекор 4. Одолејте на потребата да ја преземете задачата од соработникот


Делегирањето функционира само ако навистина ја пуштите контролата. Мора да прифатите дека луѓето имаат различни стилови на работа и дека можеби нема да ги решаваат проблемите на начинот на кој вие би го направиле тоа. Но, тоа не значи дека работат погрешно. Почекајте и следете.

Чекор 5. Градете култура во која делегирањето е нормално


Ако сте единствената личност која делегира, додека сите други ги држат своите задачи под контрола, можете да имате чувство дека само ја префрлате работата на некој друг наместо да го водите тимот. Затоа, немојте сами да се борите со потребата сѐ да држите под контрола, туку научете го целиот тим, сите позиции да делегираат задачи.

Извор: lolamagazin
Фото: magnific

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот