X
 31.05.2015 Образование

Наставниците и средношколците порачаа пред МОН: Ќе се вратиме!

- Денес оваа зграда е празна, но тоа не е битно бидејќи таа секогаш е празна за нашите барања, им се обрати членка на Наставничкиот пленум на сите наставници, средношколци, родители и студенти кои беа присутни на денешниот протест против лошите реформи во образованието пред МОН.


Со почеток од 16:00 часот, наставниците, заедно со своите ученици и сите нивни поддржувачи го започнаа маршот кон Министерството за образование и наука, каде го изразија своето незадоволство од односот на власта со нив. Веднаш спроти кампот каде неодамна сите заедно спиеја и чекаа на средба која ќе вроди со позитивен резултат, демонстрантите ги исвиркаа последните постапки на власта во однос на екстерното тестирање.

„Не за екстерно“, велеа средношколците, а наставниците ги дополнуваа со аргументи против концептот на функционирање на екстерното тестирање.

- Ни дадовте ученици, ни дадовте тестови, ни дадовте одговори. Што повеќе? Вака ли треба да изгледа едно екстерно тестирање? - изјави незадоволен наставник.

Средношколците беа, исто така, присутни на денешниот протест. Александар од Средношколски пленум изјави благодарност до поддржувачите, потсети на игнорирањето кое го добија средношколците од страна на МОН и покрај неделите поминати во камповите и најави повторен бојкот од септември доколку не се преземе нешто од страна на Владата за подобрување на образованието.

Во галеријата погледнете фотографии од протестот.

ГАЛЕРИЈА

Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование