X
 08.06.2017 Образование

Причини поради кои наставниците се херои на нашето време


Наставничка со деца во природа
(Фото: Pixabay)

Ако некогаш сте помислиле дека на наставниците им е лесно, дека работата им е едноставна и безгрижна, размислете уште еднаш. Или барем прочитајте ги овие 18 причини поради кои секој учител кој предадено си ја работи работата е херој на нашето време...

1. Нивниот работен ден почнува мнооооогу пред да се огласи првото ѕвонче, додека многу ученици сѐ уште спијат.

2. И продолжува откако ќе се испразнат сите клупи (знаете, часови, тестови, лекции, планови... нема самите да се подготват).

3. Наставниците се мултитаскинг машини: кој уште може истовремено да готви ручек, да оценува писмени задачи и да им помага на своите деца околу домашната задача?

4. Тие предаваат МНОГУ повеќе лекции од својот предмет.

5. Живеат и работат пред најстрогата публика на светот – децата.

6. Имаат трпение што ретко се среќава, што е потребно ако сакате да разберете и мирно да ја разрешете ситуацијата во училницата.

7. Имаат една од најважните работи на светот, а платени се како да работат една од најневажните.

8. А тоа малку што го заработуваат, го трошат на купување наставен материјал потребен за работа со децата.

9. Ништо не е повозбудливо за наставникот од тоа да ги види своите ученици како го впиваат знаењето и ги преиспитуваат лекциите.

10. И ништо потажно и потешко како кога ќе видат како млад и бистар ум застранува од патот, бидејќи родителите не го насочиле на вистинскиот.

11. Тие секогаш пронаоѓаат нови начини своите лекции да им ги приближат на децата и да им ги направат интересни и иновативни.

12. Со достоинство се соочуваат со барањата на арогантните родители и лошо воспитаните деца.

13. Нивната одлучност да поучуваат е посилна од спремноста на децата да не слушаат.

14. Учителската работа не е само една професија. Учителите работат педесет работи. Тие се благајници, психолози, едукатори, дадилки, туристички водичи...

15. Се жалите дека паузата за ручек ви е прекратка? Пробајте да ручате додека за време на големиот одмор дежурате во ходникот, па тогаш јавете се...

16. Мораат да чекаат со години за да ги соберат слатките плодови од својот труд и да ги видат децата како постигнуваат големи успеси.

17. Летниот распуст е супер. Но наставниците поголемиот дел го поминуваат во средување на папирологијата од претходната и ја подготвуваат таа за наредната школска година.

18. Иднината, во вистинска смисла на зборот, е во нивни раце!
Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование