X
 04.01.2016 Образование

Четири заблуди за професијата наставник

Работата на наставниците/професорите, не е лесна. Но не сите мислат така. Прочитајте во продолжение кои се четирите заблуди за професијата наставник.

Работното време на наставникот завршува во 15:30. Тука се и долгите распусти, многу е лесно да се биде наставник.


Оваа професија многу бара труд и ангажман и најтешкиот дел се работи надвор од работното време. Според истражување кое е спроведено лани во Велика Британија, наставникот во просек работи повеќе од 50 часа неделно. Изгледа дека овој податок не е ажуриран бидејќи има многу наставници кои работат по 60 часа во неделата. Многу време посветуваат на составување планови за предавање, барање литература, читање и поправање на писмените задачи, смислување нови задачи, анализа на сработеното, оценување и процена на знаењата на учениците...

Семинари за наставници? Само уште еден изговор да добијат слободен ден!

И наставниците имаат право на професионално усовршување, зарем не? Дали е потребно цел еден ден да го поминат на семинар? Во истражувањата за наставниците секогаш се наведува колку е важно професионалното усовршување и напредување во кариерата. Тоа ги инспирира наставниците, ги информира за новите методи кои се користат во наставата и им пружа можност да развијат нови педагошки техники. Додека наставниците повеќето време го минуваат во друштво на децата, семинарите за професионално усовршување им овозможуваат да соработуваат со колегите и да со нив разменат знаења. Институтот за образование во Лондон тврди дека вложувањето во наставниците е клучно ако сериозно го сфаќаат унапредувањето на образованието за младите.

Оние кои имаат знаења и вештини работат некоја конкретна работа, а оние кои немаат - стануваат наставници.

Класична предрасуда и невистина. Вештината на предавање е вистинска уметност чиј резултат е целото одделение стекне знаења како и да им помогне на многумина да го остварат својот потенцијал. Се подразбира дека наставникот мора добро да ја разбира содржината на предметот кој го предава, но далеку поважно е да во предавањето внесе емоција, да инспирира и да покаже стручно знаење на одговарачки начин на децата во одделението. Тие не гледаат на тоа колку тие знаат, туку се секогаш посветени на тоа нивните ученици што повеќе да научат. Токму оние кои имаат знаења, стануваат наставници.

Наставниците се одговорни за целокупното образование на детето.

Многу често родителите се жалат на лошото образование на своето дете. Секоја возрасна личност која поминува време со детето е вклучена во неговото образование. Иако наставниците поминуваат многу време со децата, некои од нив едвај доаѓаат до израз во училиштниот распоред кој е преоптоварен со други поважни предмети. Затоа родителите и останатите личности кои се вклучени во одгледувањето на децата, можат да пружат драгоцена поддршка во она што детето го прави на часот така што ќе го поттикне да учи и дома. Зборуваме и за оние наједноставни работи како што е мерењето на состојките за колач, за да детето вежба сметање, или како сам да врзе врвки. Сите кои сме посветени на децата, мораме да работиме заедно и да преземеме одговорност за нивната иднина.
Подготвил: Антонија Поповска Христов

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование