X
 11.06.2015 Живот

Најчестите совети за заштита од комарци летово

Прекрасните летни денови ве повикуваат надвор, но ваквите денови лесно може да бидат уништени доколку мора да бегате од комарци. Некои луѓе се почесто подложни на убоди од комарци од останатите. За оние во првата група следуваат неколку начини со кои може да ги одбегнете комарците летово.



Средства без хемикалии

Ова е најлесниот начин за одбрана, но не сакате да се прскате со хемикалии со месеци, нели? Постојат алтернативи на пазарот кои се направени врз основа на природни состојки.

На самрак останете дома

Комарците се најактивни за време на самрак или рано наутро, кога влажноста на воздухот е поголема, а температурите се најниски.

Ослободете се од старата вода

Комарците се размножуваат во стоена вода, па потрудете се да немате такви места околу вас. Внимавајте повеќе кога сте во близина на езеро.

Носете бело

Комарците ги привлекуваат темните бои и со помош на боите тие ги лоцираат своите цели.

Размислете за парфемот

Убаво е да мирисате како цвеќе, но тоа може да ги привлече комарците, кои обожаваат нектар од цвеќе речиси исто како што ги обожаваат луѓето.

Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот