X
 15.06.2015 Образование

Најголемото предавање во светот

Годинава ќе биде одржано „најголемото предавање во светот“ во кое ќе учествуваат наставници од целиот свет. Тие ќе предаваат за нашата планета.



Овој септември Обединетите Нации ќе ги објават своите цели за одржлив развој - светски цели кои нашата планета ќе ја направат праведна, здрава и одржлива до 2030 година. 

Откако ќе бидат објавени целите ќе се одржи најголемото предавање во светот. Имено, наставниците во училиштата низ целиот свет ќе им предаваат на своите ученици за објавените цели на ОН. Ова ќе им помогне на учениците да го разберат значењето на новите глобални цели за нивната иднина и нивната улога во реализација на целите.

Најголемото предавање на светот ќе се одржи со помош на „Think global“, УНИЦЕФ, ТЕС и „Education international“. Тоа е дел од „Project everyone“, проект воден од Ричард Куртис, кој сака секој да знае за целите за развој на ОН.

„Think Global“ веќе работат на создавање извори за учење и предавање на целите кои ќе им помогнат на наставниците да го спроведат најголемото предавање.

Организиран е и натпревар за сите наставници од светот кои сакаат да предложат креативни и интересни планови за лекции за целите.

За повеќе информации проверете ОВДЕ.

Подготвил: Драгана Петрушевска
Тагови:

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование