Во Македонија во среда во утринските и раните попладневни часови ќе биде претежно сончево со локална облачност. Околу пладне продор на нестабилна воздушна маса која што ќе услови поинтензивни врнежи од дожд и грмотевици. Врнежите прво ќе ги има во северозападните и западните предели, а покасно и во останатите предели.
Поинтензивни врнежи ќе има во доцните попладневни и во вечерните часови, а врнежите од дожд ќе продолжат и во текот на ноќта среда кон четврток. Локално се очекуваат да наврнат и до 30 литри дожд.
Ќе дува умерен северен и северозападен ветер, а во во западните пределу умерен североисточен ветер.
Утринските температури од 10 до 21 степени, а максималните ќе достигнат до 19 односно до 30 степени.
СКОПЈЕ - Во Скопје во среда претпладневните часови ќе биде претежно сончево со локална облачност. Попладне нестабилно со поинтензивни врнежи од дожд. Ќе дува умерен северозападен ветер. Минималната температура од 18 степени, а максималната дневна ќе достигне до 27 степени. УВ индекс 3.
Во четврток во утринските и претпладневните часови врнежите од дожд ќе престануваат, попладне ќе биде претежно облачно. Дневните температури ќе достигнат до 14 односно до 25 степени.
Во петок, сабота и недела умерено облачно со сончеви периоди и потопло. Иако во петок и сабота во западните и југозападните предели ќе има услови за врнежи од дожд. Максималните температури ќе се движат во интервал од 18 до 29 степени.
Weather4all.com.mk