X
 12.05.2017 Живот

Прогноза за времето во наредните 5 (пет) дена

Денес е петок, 12 мај 2017 година, 132-иот ден во годината. Сонцето изгреа во 05:12, а ќе зајде во 19:46 часот. Денот ќе трае 14 часа и 34 минути.

Ова утро во Македонија имаме претежно облачно и топло утро со осетен пораст на утринските температури во однос на вчерашните. Ова утро слаби и локални врнежи од дожд имаме во Охридскиот регион како и во крајните источни и североисточни предели.

МАКЕДОНИЈА – Во петок во раните утрински часови имаме сосема слаби и локални врнежи од дожд, a во текот на денот ќе преовладува умерено облачно време со повремени сончеви периоди, а попладне се очекува и намалување на облачност. Ќе дува доумерен јужен и југозападен ветер, а во источната половина југоисточен ветер. Утринските температури во пораст и ќе се движат од 7 до 15 степени, додека пак максималните дневни температури ќе достигнат до 20 односно до 31 степени. УВ индекс 4.

СКОПЈЕ - Во Скопје во раните утрински часови услови за сосема слаб дожд, а во текот на денот ќе биде умерено облачно со повремени сончеви периоди и топло време. Ќе дува доумерен јужен и југозападен ветер. Утринската температура до 12 степени, додека пак максималната дневна до 28 степени.

МАКЕДОНИЈА 5 ДЕНА - Во сабота и недела во Македонија ќе биде претежно сончево и многу топло време, со невообичаено високи дневни температури за овој период од годината. Во сабота утринските температури од 8 до 16 степени, а максималните дневни од 23 до 33 степени, а во недела минималните од 6 до 14 степени, а дневните од 20 до 30 степени. Во понеделник и вторник повторно не очекува дестабилизација на времето, претпладне претежно сончево а попладне ќе биде умерено облачно и нестабилно време со врнежи од дожд. Во понеделник минималните температури од 6 до 14 степени, а дневните од 18 до 28 степени, додека пак во вторник минималните од 9 до 17 степени, а максималните дневни од 14 до 24 степени.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот