X
 22.06.2015 Образование

Сакам анимацијата да ми стане професија, одам на студии во Британија

Меѓународното училиште НОВА во Македонија постои 18 години. Искуството и праксата покажуваат дека оваа институција им дава одлична основа на младите луѓе, кои подоцна со своето образование го продолжуваат на престижни универзитети во светот.
Секоја година, 70 отсто од матурантите на НОВА заминуваат на студии во странство. Еден од нив е Владимир Воиновски, кој годинава заминува во Британија. Во ова интервју за „Факултети.мк", Владимир зборува за неговите очекувања и впечатоците од учењето во НОВА.




Што е она што сакаш да го учиш и работиш? Што те интересира?

Уште од дете јас бев заинтересиран за цртани филмови, па тоа ми остана и се оформи како мој афинитет. Почнав да правам аматерски анимирани филмови на 10 годишна возраст, учејќи ги техниките само преку интернет, и како што поминуваше времето станував сѐ подобар и подобар. Впрочем, од хоби, анимацијата би сакал да ми стане професија. Веќе сум примен во „Leeds College of Art“, и ќе изучувам 2D и Stop-Motion меѓу другите техники на анимација.

Што очекуваш од твојот престој во Британија?

Јас очекувам од мојот престој во Британија да се запознам со Британската култура и нивниот начин на живеење. Се надевам дека престојот во интернатот меѓу многу други ученици како мене ќе биде пријатно искуство. Сепак, најбитно ми е да се стекнам со знаење и искуство кое ќе ми биде потребно за понатамошната професија.

Каде се гледаш себе во иднина, во Македонија или некаде надвор од нашите граници?

Би сакал да останам во Британија, да си го продолжам животот таму при завршувањето на факултетот. Но, непосредно, би можел да се замислам себеси живејќи во друга Европска држава. Сепак, во Македонија не би можел да живеам правејќи го тоа што го сакам, бидејќи анимацијата не е сѐ уште развиена професија. Себеси во идината се гледам или како аниматор во студио, а музичар како втора работа која се води по мое хоби.

Меѓународното училиште НОВА како институција, нуди уникатно образование во земјата и во регионот. Што е она што најмногу ти се допадна додека учеше овде?

Меѓународното училиште НОВА ќе го помнам по квалитетната едукација која ми ја има пружено. Најмногу ми се допаднаа начините на кои професорите ја оддржуваа наставата и ги мотивираа учениците. Секој професор со своја техника ја креираше атмосферата во училницата, на посебен начин го предаваше материјалот, и имаше волја да му посвети повеќе време на ученикот ако тој има потешкотии со предметот.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование