X
 23.06.2015 Живот

Временска прогноза: Какво време не очекува следните 5 дена

МАКЕДОНИЈА - Студено утро не очекува и во вторник, кога утринските температури ќе се спуштат до 4 односно до 14 степени.
Во текот на денот ќе биде претежно сончево и малку потопло со благ пораст на дневните температури.

 

Ќе дува доумерен слаб јужен и југоисточен ветер, а во западните и крајните источни предели ќе дува слаб југозападен ветер.
Максималните дневни температури ќе достигнат до 21 односно до 32 степени. Ув индексот ќе има вредност 8.

СКОПЈЕ - Во Скопје во вторник ќе биде претежно сончево и потопло. Слаб југоисточен ветер. Минималната температура од 11 степени, а максималната дневна ќе достигне до 29 степени. УВ индекс 8.

МАКЕДОНИЈА 5 ДЕНА

Во среда и четврток претпладне ќе биде умерено облачно со сончеви периоди, а во попладневните и вечерните часови со локални врнежи од дожд и грмотевици. Во среда максималните температури ќе се движат од 21 до 32 степени, додека во четврток ќе бидат во опаѓање и ќе достигнат до 16 односно до 27 степени.

Во петок и сабота ќе биде претежно сончево со локална облачност. Максималните температури ќе се движат од 18 до 30 степени.

Извор: weather4all.com.mk

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот