Во среда, на 23 септември, во 10 часот и 21 минута по средноевропско време, на северната хемисфера започнува есента. Тој ден воедно е познат како есенска рамноденица, односно денот и ноќта траат подеднакво (еквиноциум).
Есента ќе заврши на 22 декември во 5 часот и 48 минути. Тогаш на северната полутопка почнува зимата и овој ден е познат како зимски солстициум или зимска краткоденица. Значи од средата, до 22 декември, ноќта постепено ќе се зголемува (секој ден по околу 2 минути) достигнувајќи 15 часа, а денот ќе се намали на само 9 часа.
Во среда во утринските часови на планинските превои и по котлините се очекува појава на магла.
Во среда претпладне ќе биде умерено облачно со повремени сончеви периоди. Попладне нестабилно со врнежи од дожд и грмотевици. Врнежите се очекува да изостанат во централните како и југоисточните предели. Пообилни ќе бидат во западните предели, а во охридско-преспанскиот регион, локално се очекуваат да наврнат и до 30 литри дожд.н
Ќе дува доумерен слаб јужен и југоисточен ветер, а во западните предели ќе дува доумерен слаб југозападен и западен ветер. Утринските температури од 8 до 17 степени, а максималните дневни од 18 до 29 степени.
Во Скопје во среда претпладне ќе биде претежно сончево со локална облачност, доцна попладне со услови за слаб локален дожд. Ќе дува доумерен слаб југоисточен ветер. Утринската температура од 15 степени, а максималната дневна до 27 степени.
Нестабилното време ќе продолжи и во наредните два дена, односно во четврток и петок, претпладне ќе биде умерено облачно со сончеви периоди а во попладневните часови нестабилно со локални врнежи од дожд. Утринските температури од 7 до 18 степени, додека пак максиммалните дневни ќе се движат од 18 до 29 степени, со напомена дека во петок се очекуваат пониски температури кои ќе се движат од 15 до 25 степени.
Стабилизација на времето се очекува во сабота и недела со пониски утрински температури кои ќе се движат во интервал од 6 до 16 степени, а максималните дневни од 16 до 26 степени.
Weather4all.com.mk