МАКЕДОНИЈА - Во Македонија во сабота претпладне ќе биде умерено облачно со сончеви периоди и свежо. Во попладневните часови зголемување на облачноста и услови за локални врнежи од дожд.
Умерено облачно и суво ќе биде во западните, југозападните и југоисточните предели.
Ќе дува доумерен засилен северен и северозападен ветер, а во западните предели ќе дува доумерен засилен североисточен ветер. Ветеот понекаде ќе достигне брзина и до 35 км/ч.
Температурите во благ пораст, утринските од 6 до 16 степени, а максималните дневни ќе достигнат до 18 односно до 28 степени.
СКОПЈЕ - Во Скопје во сабота ќе биде умерено облачно со сончеви периоди. Попладне со услови за слаби локални врнежи од дожд. Ќе дува умерен северозападен ветер. Утринската температура од 13 степени, а максималната дневна до 25 степени.
МАКЕДОНИЈА 5 ДЕНА
Во недела ќе биде умерено облачно и нестабилно со врнежи од дожд, ветровито и свежо со дневни температури кои ќе достигнат до 17 односно до 27 степени.
Во понеделник и вторник ќе продолжи нестабилното време со локални врнежи од дожд но ќе биде малку потопло со пораст на дневните температури кои ќе се движат од 20 до 31 степен.
Во среда стабилизација на времето. Сончево и потопло. Минималните температури од 8 до 18 степени, а максималните дневни ќе достигнат до 23 односно до 33 степени.
извор: weather4all.com.mk