Денес, дневната жега пред Капитол Мол дополнително ја вжешти атрактивниот автомобил
Голф7 кој од утрово на платото пред најурбаниот трговски центар во Скопје, го очекуваше
својот нов сопственик.
Точно на пладне Даниел Јовчевски од Скопје, пристигна со својот колега да се уверат дека
навистина, за 40 денари може да се добие автомобил. Средбата беше забавна, а Далибор и
Илија ни раскажаа дека се редовни играчи на инстант лотарија. Од почетокот на пласман на
инстант лозот 7ма Брзина верувале дела ќе освојат премија и не пропуштале ден, а да не
купат барем по еден лоз. Минатата година упорноста им била наградена со парична добивка
од 50.000 денари, а тоа ги поттикнало да продолжат во својата намера. Токму за време на
летниот караван на Државна лотарија на Македонија под името Лето во 7ма брзина, желбата
им се остварила, брзинометарот на лозот покажал кон премијата Голф 7. Далибор и Илија се
колеги и пријатели и веќе се договориле дека Далибор ќе го вози автомобилот.
Клучевите ги предаде убавата водителка Марјана Станојковска, а се е евидентирано од
страна на ТВ Сител. Прилогот од денешниот настан ќе се емитува во вечерашната емисија
со ТВ извлекување НовоЛото 7/34, од 20:00часот.
Денес Далибор и Илија, со помош на Марјана уплатија и за учество во ова коло НовоЛото
7/34. Многуте 7ки на денешниот ден, можеби ќе ги однесат и кон 7ка на Лото. Со среќата не
се знае, треба да се игра, бидејќи кој игра, тој добива.
Седмиот Голф7 од инстант лозот 7ма Брзина го доби својот сопственик. Низ среќните места
на Државна лотарија на Македонија во преостанатите лозови 7ма Брзина се кријат уште два
автомобила по чии сопственици ќе продолжиме да трагаме.