X
 29.03.2019 Живот

СЕФ и ЗЛАТНА РИПКА повторно на продажните места на Државна лотарија на Македонија

Од денес, петок (29.03.2019 год) на сите продажни места на Државна лотарија на Македонија, нови серии од инстант лотаријата СЕФ и од инстант лотаријата ЗЛАТАНА РИПКА. По успешните серија 1 и серија 2 од инстант лозот СЕФ и по барање на играчите Државна лотарија на Македонија ја пласира и третата серија, која повторно за 40 денари може да ве доведе до вредни парични добивки.

СЕФ -от на Државна лотарија на Македонија е полн со најразлични парични добивки , почнувајќи од 40 денари па се до 600.000 денари. Најголемата добивка од 600 000 денари е предвидена за тројца најуспешни отворачи на СЕФ -от , а за другите играчи овој инстант лоз нуди 5 добивки од 100.000 денари, 7 добивки од 50.000 денари па се до 130.000 добивки од по 40 денари. Цената на инстант лозот е 40 денари , па затоа не пропуштајте ја шансата да го отворите СЕФ- от и да добиете една од 161.835 добивки кои ги нуди овој лоз. Играта е забавна , а лозот е добитен доколку трицифренета добитна шифра се совпаѓа со една од трицифрените твои шифри кои се наоѓаат во шесте полиња означени со 1 2 3 . Третата серија на овој инстант лоз е 500 000 лозови , од кои 161.825 лоза се добитни, односно секој трет лоз е добитен .

ЗЛАТНАТА РИПКА од денес пак е во продажба во својата петта серија. Овој инстант лоз до сега донесе многу добивки, многу интересни приказни и многу уловени милиони. Како и во претходните четири серии и овој пат лозот ЗЛАТНА РИПКА носи три шанси за добивка на еден инстант лоз, така што еден инстант лоз може да донесе и до три добивки , од кои најголемата е 1.000 000 денари, по неа 500 000 денари, 100 000 денари, 50 000 денари...

Инстант лотаријата на Државна лотарија на Македонија многу пати до сега израдувала многу играчи , а особено СЕФ-от и ЗЛАТНА РИПКА раскажаа многу добитни приказни, збогатија многу играчи и поделија многу парични добивки . Бидете и вие дел од игрите на среќа , бидејќи само КОЈ ИГРА , ТОЈ и ДОБИВА.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот