Новата класа на мемории ги подобрува перформансите на компјутерите и дата
центрите
- Интел и Микрон ја произведоа новата класа на мемории, креирајќи ја првата нова
мемориска категорија во повеќе од 25 години.
- Новата 3D XPoint™ технологија е 1000 пати побрза од NAND, најпопуларната
“non-volatile” меморија на пазарот.
- Компаниите измислија уникатен материјал со вкрстена архитектура за мемории
што се до 10 пати погусти од денешните
- Новата технологија овозможува нови иновации и апликации од учење на машините
до следење на болести во реално време и неверојатен гејминг во 8К.
Санта Клара, Калифорнија и Боисе, Ајдахо, 28-ми јули, 2015 – Интел Корпорацијата и
Микрон Технологија, денес ја претставија 3D Xpoint™ технологијата, меморија која има
потенцијал да го револуционизира секој уред, апликација или услуга чиј бенефит е брз
пристап до големи збирки на податоци. Отсега во производство, 3D Xpoint™
технологијата е голем чекор напред во технологијата за процесирачки мемории и првата
нова категорија кај мемориите од претставувањето на NAND флеш во 1989 година.
Експлозијата на поврзани уреди и дигитални услуги генерира големи количини нови
податоци. За да се направат овие податоци корисни, мора да се чуваат и анализираат
многу брзо, создавајќи предизвици кај оние што ги нудат овие услуги и кај склопувачите
на машини кои мораат да ги балансираат трошоците, моќта и перформансите кога
дизајнираат вакви решенија. 3D Xpoint™ технологијата ги комбинира перформансите,
густината, силата, стабилноста и трошоците кои се предност кај денешните достапни
мемории на пазарот. Оваа технологија е до 1000 пати побрза и има над 1000 пати
поголема издржливост од NAND, дополнително таа е 10 пати погуста од
конвенционалната меморија.
„Со децении, индустријата бараше начини за намалување на времето на застој помеѓу
процесорот и податоците, за да се овозможи побрза анализа“, кажа Роб Крук, постар
заменик претседател и генерален менаџер на Intel Non-Volatile Memory Solutions Group.
„Оваа нова класа на мемории ја постигнува оваа цел и внесува големи промени во
перформансите на мемории и уреди за складирање на податоци.“
“Една од најзначајните пречки кај модерните компјутери е времето потребно на
процесорот за да стигне до податоците кои долгорочно се чуваат,“ вели Марк Адамс,
претседател на Микрон.“Оваа нова класа на меморија е револуционерна технологија која
овозможува брз пристап до огромни складишта на податоци и овозможува целосно нови
апликации.“
Со брзиот растеж на дигиталниот свет, од 4.4 зетабајти податоци креирани во 2013 до
очекувани 44 зетабајти до 2020 - 3D Xpoint™ технологијата може да ја претвори оваа
огромна количина на податоци во корисни информации за неколку наносекунди. На
пример, трговците на мало можат да ја користат 3D Xpoint™ технологијата за побрзо да
ги идентификуваат измамите кај финансиските трансакции; Здравствените истражувачи
можат да обработат и анализираат поголеми сетови на податоци во реално време, со
забрзано решавање на сложени задачи како што се генетската анализа и следење на
болеста.
Придобивките кај перформанси на 3D Xpoint™ технологијата исто така, може да го
подобри искуството со секој компјутер, дозволувајќи им на корисниците да уживаат во
интерактивни социјали медиуми и соработки, како и извонредни искуства кај видео
игрите. Природата на оваа технологија ја прави и одличен избор за различни апликации
заради малиот застој, бидејќи податоците не се бришат кога уредот е исклучен.
Нов рецепт, архитектура за револуционерна мемориска технологија
По повеќе од една деценија истражување и развој, 3D Xpoint™ технологијата е изградена
за да одговори на потребата за високи перформанси, висока издржливост, висок капацитет
за складирање и прифатлива цена.
Новата класа на мемории значително го намалува доцнењето, овозможувајќи многу
повеќе податоци да се чуваат блиску до процесорот и до нив да се доаѓа со брзини
претходно невозможни.
Иновативната архитектура создава табла во три димензии кај која ќелиите се наоѓаат на
пресекот помеѓу зборовите и битовите, што им овозможува да бидат пребарувани секоја
одделно. Како резултат на ова, податоците можат да бидат напишани и прочитани брзо и
ефикасно.