X
 16.02.2016 Технологија

Кој е главниот виновник за неверојатниот настап на Лејди Гага?

Интел корпорацијата и номинираната за награда од академијата, шест-кратната добитничка на GRAMMY® награди, глобалната музичка икона Лејди Гага обезбеди музичко искуство налик ниедно друго на 58-мите годишни GRAMMY® награди, кои беа пренесувани во живо на CBS. Додавајќи на уникатниот артистички стил на Лејди Гага иновативни технологии од Интел, оваа соработка резултира со диверзитет и повеќеслојно оддавање почит на музичката легенда. Овој перформанс ја демонстрираше моќта на технологијата за издигнување на можностите на артистот за креирање на неверојатно искуство на сцената како никогаш досега.



„Јас сакам да правам работи што ја интегрираат технологијата со уметноста и моќните искуства,“ рече Лејди Гага. „Јас мислам дека оваа соработка со Интел беше различна од се што сум правела досега. Тие навистина ми дадоа толку многу неверојатна технологија за јас да си играм со неа.“

Пионерски момент за гледачите на GRAMMY и фановите низ целиот свет, перформансот вклучи Интел технологии за да се донесе во живот визијата на Лејди Гага за еден навистина достоен и незаборавен начин за славење на животот и кариерата на легендата. Со зачудувачки визуелни и интерактивни содржини кои одговорија во реално време на секое движење и команда на Лејди Гага, комбинираниот тим зеде невидени ризици во оваа изведба во живо со цел уметникот да е способен да се изрази себеси во една нова димензија. Во соработка со технолози од Интел и креативниот тим на Лејди Гага, специјален хардвер напојуван од Intel® Xeon®, Intel® Core™ и Pentium® процесори се задоволуваа високите потреби на високи перформаси за кореографија на осветлувањето, аудио и проекциски системи во перфектна хармонија со Лејди Гага.

Иновативните технологии претставени пред фановите направени уникатно за овој перформанс вклучуваа:

- Digital Skin – „Анимиран лик“ беше разработен за Лејди Гага што и овозможи да добие повеќе легендарни изгледи во секоја изведба во реално време, за неверојатни ефекти. Најсилните процесори на Интел беа користени за време на развививањето на овој дел од перформансот, прецизно следејќи ги нејзините лицеви движења, додека дигиталната „шминка“ беше адаптирана и покажана на неа инстантно користејќи проектор напојуван од шестата генерација Intel Core processor – базиран десктоп.

- Interactive Video – Лејди Гага можеше да контролира како ќе изгледа на прекрасниот и огромен ЛЕД ѕид. Нејзиниот прстен базиран на Intel® Curie™ модул генерираше ефекти во реално време во склад со нејзиното ротирање и ги анимираше зглобовите и рацете, додека медиа сервери базирани на Intel Xeon процесори генерираа содржини во живо.

- Robotics – Убавото „rose gold“ пијано на Гага оживеа со помош на три роботски раце напојувани од Intel® Atom™ процесори и танцуваа како едно со што се додаде неочекуван ефект во движењето на традиционалниот инструмент кој не се движи.

- Interactive Holograms – Иновативна комбинација на нејзиниот прстен базиран на Intel Curie технологија и материјали за холографски дисплеј беа користени за да и овозможат на Лејди Гага да генерира прекрасен три- димензионален холограм од музичката легенда.

„Интел е на пат да креира и споделува неверојатни искуства што нашата технологија може да ги овозможи“, рече Стив Фонд, постар заменик претседател и главен маркетинг директор на Интел. „Оваа претстава постави нови граници за музика во живо и е голема пресвртница за Интел и Греми.“

“Со музика и технологија, беспрекорно испреплетени, партнерството на Греми со Интел претставува совршено усогласување“, додаде Еван Грин, маркетинг директор на The Recording Academy. „Визијата на Интел беше да се донесат во живо музички искуства на ниво кое никогаш порано не беше возможно, а по вечерашната извонредна, уникатна изведба, оваа амбициозна цел секако беше постигната.“ За повеќе информации посетете www.epklink.com/intelgaga.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија