X
 29.07.2015 Живот

Каде завршија парите од предизвикот со кофа студена вода?

Веројатно се сеќавате на предизвикот со кофа студена вода. Се работеше за хуманитарна акција во која учествуваа многу јавни личности, меѓу кои Бил Гејтс и Леброн Џејмс, но и многу обични луѓе низ светот. Целта на истурање студена вода врз главата беше поттикнување на свеста и собирање средства за помош во борбата против синдромот АЛС, познат како Лоу Геригова болест.


Блогот на асоцијацијата за АЛС открива дека со акцијата биле собрани 115 милиони долари. Од тоа, 77 милиони долари (66%) завршиле на истражувања за синдромот. Здружението на АЛС објави интерактивен график во кој детално се објаснува каде завршиле парите од акцијата.

Имено, 10 милиони долари биле донирани на компанијата АЛС АЦТ, која работи на забрзување на третманот на пациентите кои страдаат од синдромот. Дополнителни 23 милиони долари завршило во услугите на пациентите и заедницата која работи на информативни материјали и ги дава донациите во центрите за борба против АЛС.


Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот