„Airbnb“ може да биде втората највредна компанија во светот, со проценка од 24 милијарди долари. Со тоа, оваа компанија ќе биде повредна од ланецот хотели „Marriot“ кој е проценет на 21 милијарда долари.
Причината поради која инвеститорите се заинтересирани за „Airbnb“ лежи во новите бизнис резултати. До 2020 година, планираат да се реализираат 10 милијарди долари приход, а планираат и да реализираат 3 милијарди долари профит.
Моментално „Airbnb“ има 1% од пазарот, а доколку сака да ги оствари резултатите за кои зборува, овој процент треба да стигне до 10. Овогодинешните очекувани приходи изнесуваат 850 милиони долари. Отприлика 150 милиони долари изнесуваат трошоци и загуба, поради ширењето на други пазари во светот. На загубата влијае и борбата со законската регулатива и даночната политика на пазарот.
На пример, Њујорк требаше да укине околи 2.000 единици за сместување бидејќи биле нелегални. Законските ограничувања на „Airbnb“ стигнаа и во Берлин и во Сан Франциско.
Но, доколку овој круг на вложување заврши со милијарда долари, и вредноста на компанијата се процени на 24 милијарда долари, „Airbnb“ ќе биде втората највредна старт ап компанија во светот веднаш позади „Uber“ чијашто вредност е проценета на 50 милијарди долари.