Во Македонија во претпладневните часови ќе биде претежно сончево со локална облачност и топло. Во попладневните часови зголемување на облачноста. Во западните, југозападните и југоисочните предели постојат услови за развој на нестабилна облачност која што ќе услови слаби локални врнежи од дожд. Слаб северозападен и западен ветер, а во југоисточните предели ќе дува и слаб југоисточен ветер.
Утринските температури од 11 до 21 степен, додека пак максималните дневни температури ќе достигнат до 26 односно до 37 степени. УВ индексот ќе има вредност 7.
Во Скопје во сабота ќе биде претежно сончево со локална облачност и топло. Слаб северозападен ветер. Утринската температура од 18 степени, а максималната дневна ќе достигне до 35 степени. УВ иденск 7
Во наредните денови во поголем дел од Македонија ќе биде претежно сончево со локална облачност, локално можни се слаби врнежи од дожд.
Во среда претежно сончево, услови за врнежи од дожд во крајните југозападни предели. Максималните температури ќе се движат од 27 до 38 степени.
Идентични максимални температури ќе имаме и во четврток, но услови за врнежи од дожд во попладневните часови се очекуваат во северозападните и југоисточните предели.
Во петок претежно сончево и топло. Во доцните попладневни и во вечерните часови услови за врнежи од дожд во западните предели. Максималната дневна температура до 27 односно до 38 степени.
Во сабота претпладне претежно сончево, попладне зголемување на облачноста. Дневната температура ќе опадне и ќе се движи во интервал од 25 до 36 степени.
Weather4all.com.mk